На спомен бистата на борците од Народноослободителната борба пред зградата на локалната самоуправа на Крива Паланка беше положено свежо цвеќе во чест на 2-ри Август-Илинден. Цвеќе на споменикот на паднатите боци од НОБ положи делегација од општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, претставници од општински Сојуз на борци, Крива Паланка, пратеникот во Собранието на РМ од ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска, делегации од партиите и граѓани.
https://www.youtube.com/watch?v=fv841fsoJN4&feature=youtu.be