Меѓународен франкофонски камп

МЕЃУНАРОДЕН ФРАНКОФОНСКИ КАМП

(19-26 август 2017 во хотел  „Солферино”, Струга , Македонија)

Во периодот од 19-26 август 2017 година, во хотелот „Солферино”, во Струга, Република Македонија, ќе се одржи четвртиот меѓународен франкофонски камп под мотото „Слободни заедно ги уриваме границите” чиј покровител е Меѓународната организација на Франкофонијата. Реализацијата на овогодинешниот франкофонски камп е овозможена благодарение на партнерството меѓу Министерството за образование и наука на Р.Македонија (Националната комисија за Франкофонија), Здружението на професорите по француски јазик на Р.Македонија и Францускиот институт од Скопје, со поддршка на Меѓународната организација на Франкофонија и BRECO – Регионалното биро за земјите од Централна и Источна Европа.

На овој камп ќе учествуваат најдобрите 39 ученици–франкофони од шест франкофонски земји: Македонија, Молдавија, Романија, Бугарија, Ерменија и Албанија, благодарение на постигнатите успеси на повеќе државни натпревари по француски јазик во текот на учебната 2016/2017година. Македонија, како горд домаќин, ќе ја претставуваат 7 ученици од основните училишта кои покажале најдобри резултати на државните натпревари по француски јазик и еден ученик со максимум освоени поени на меѓународниот испит по француски јазик DELF:

  Ученик Училиште Ментор
 

1.

 

Камелија АЛЕКСОВСКА

ООУ “Јоаким Крчовски”

– Крива Паланка

проф.Елена НИКОЛОВСКА
 

2.

 

Бојана СПАСОВСКА

ООУ “Јоаким Крчовски”

– Крива Паланка

проф.Елена НИКОЛОВСКА
 

3.

 

Марија СТЕФАНОВСКА

ООУ “Јоаким Крчовски”

– Крива Паланка

проф.Елена НИКОЛОВСКА
 

4.

 

Софија МАТОСКА

ОУ “Живко Брајковски”

– Скопје

проф.Анета ДИМИШКОВСКА
 

5.

 

Софија ГЕШОСКА

 

ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп

проф.Ирена НАУМОВСКА
 

6.

 

Сања БОБЕВСКА

ООУ “Лазо Ангеловски”

– Скопје

проф.Милена КАЛИНОВСКА
 

7.

 

Искра АЛЕКСОВСКА

 

ООУ “Димитар Миладинов”

– Скопје

проф.Марија ВАРСАМИС СИМОНОВСКА
8. Павел СПИРОВСКИ ООУ “Димитар Миладинов”

– Скопје

 

Во рамки на франкофонскиот камп, ангажирани се шест аниматори од Франција, Романија и Македонија кои на учесниците ќе им понудат богата програма исполнета со најразлични активности, едукативни и друштвени игри, театарски работилници, креативно пишување, поетско читање, караоке, и сл. со цел да ги збогатат своите знаења и вештини по француски јазик, да разменуваат искуства и знаења, но и да стекнат нови пријателства.

Учесниците на Кампот ќе имаат можност да уживаат во природните убавини на Струга и Охрид преку посета на неколку значајни места за овој регион како Заливот на коските, манастирот Св. Наум и други.

Со цел да се нагласи меѓународната соработка меѓу земјите учесници, ќе бидат организирани вечери во рамките на кои претставниците од секоја земја ќе имаат можност да ја претстават културата и традицијата на земјата од која доаѓаат преку народни ора и танци, домашни специјалитети, итн.

„Во мое лично име, и од име на моите колешки, сакам да им се заблагодарам на г-ѓа Марија Николова, национален координатор за Франкофонија во Р.Македонија, при МОН на Р.Македонија, која е и координатор на франкофонскиот камп, г-ѓа Милена Касапоска-Чадловска, Претседател на Здружението на професори по француски јазик на Р.Македонија и помошник-координатор на Кампот, и г-ѓа Љупка Димова, Аташе за изучување и развој на француски јазик при Францускиот институт од Скопје, за нивната огромна ангажираност и посветеност во организацијата на кампот.” – изјави проф.Елена Николовска.

       

Големина на фонт
Контраст