Изобилство од кошаркарски натпревари не очекува во продолжениот викенд.
Почнувајќи од вчера, во 13:00ч во спортската сала при ОУ „Илинден“ екипата на КК„Крива Паланка“(генерација 93/94) ја пречека екипата на КК„ Куманово 2009“. Во сабота во 12:00 ќе се одигра натпреварот помеѓу КК „Крива Паланка“ и КК „Вардар “ Скопје, (генeрација 97 ) во рамки на младинските натпреварувања при КФМ.
Во недела пак, со почеток од 10-30ч ќе започнат натпреварите во повеќе категории (машки 98 и 2000/2001 ген. и девојчиња 1999/2000 ген.) во рамки на Источната лига која опфаќа 10 градови од Источна Mакедониja .
Ве покануваме сите заедно да ги бодриме младите кошаркарски таленти кои несомнено се гордост на градот.