XIII Mеѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски “ 2017

Во текот на изминатите денови, 24, 25 и 26 ти август, традиционално по тринаесетти пат се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал “ Св. Јоаким Осоговски “ во Крива Паланка во организација на Општина Крива Паланка со соработка на НУ Центар за Култура .

Деновиве граѓаните на Крива Паланка повторно имаа можност да ги проследат прекрасните ора и танци, во изведба на голем број на фолклорни групи од земјата и од странство со што Крива Паланка уште еднаш беше претворена во меѓународен центар на културата како најголем амбасадор и промотор на националните, традиционалните и мултикултурните вредности.
Годинава кривопаланчани, како плод на огромните заложби на градоначалникот Арсенчо Алексовски имаа можност да ги проследат дефилеата на учесниците на фестивалот кои тргнаа од три различно локации на градот кон централниот градски плоштад „ВМРО“ во Крива Паланка, со што речиси целото градско подрачје пулсираше во ритамот и мелосот на народната музика со што дополнително беше збогатена празничната атмосфера во Крива Паланка во пресрет на големиот христијански празник во чест на патронот на Крива Паланка,  „Св.Јоаким Осоговски “ .

Оваа година на тридневниот Меѓународен Фоклорен Фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ учествуваа голем број на фолклорни групи: КУД „8 ми Октомври“,  КУД „Карпош“,  ВЕТЕРАНИ-КУД „КАРПОШ“ и КУД „СОНЦЕ“ од Крива Паланка,
учествуваа и културно уметничките друштва „Трајко Прокопиев“ и КУД  „Карпош “ од Куманово,  КУД  „Св. Анастасиј “ Ораовица од Радовиш како фолклорните групи од Р.Србија , од Општина Бела Паланка и КУД „СЕВДАХ“ Врање, ансамбал „Актавис“ Дупница и НР „СВГЛАСИЕ“ Ќустендил, Бугарија.

Овогодинешниот фестивал исто така беше збогатен и со извонредните настапи на фолклорните групи INTECH FOLK DANCHE SOCIETY од Турција, Folklórna skupina „KOMANIČKA” Свидник – Словачка, групата Yenibogazici Belediyesi Halk Dansları Topluluğu од Северен Кипар и Folk Group “Lugojana” Лугој, Романија .

Во рамки на Фолклорниот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Градоначалникот на Општина Крива Паланка оствари неколку средби со делегации од некои општини од каде што доаѓаат фолклорните друштва, меѓу кои делегациите од општина Свидник од Словачка и Градоначалникот на Општина Бела Паланка од Србија, со цел продлабочување на соработката  освен на полето на културата и на другите полиња за подобар развој на општините.

[embpicasa id=”6460697146763851969″]

 

Големина на фонт
Контраст