Асфалтирана улицата “Ацо Шопов” крак 1

Во рамки на проектот за реконструкција на локални улици и патишта подржан од Општина Крива Паланка, Светска банка и Министерство за финансии, завршена е со асфалтирање улицата Ацо Шопов, крак 1 со вкупна должина од 450 метри. Во рамки на асфалтирање на улицата решено e и одводнување на атмосферски води, нивелација на постојни фекални шахти. Просечна ширина на улицата е 4 метри со поставени бетонски каналети и бетонски рабници од двете страни. Изведувач на градежните работи е Фабрика Карпош од Скопје.

[embpicasa id=”6460699469737158545″]

 

Големина на фонт
Контраст