Општина Крива Паланка се претстави на вториот меѓународен саем за селски туризам „ШУМАДИЈА САЕМ“, од 18 до 20 ноември 2010г., во Крагуевац, Р. Србија, каде заедно со општина Нагоричане, воедно го презентиравме и североисточниот плански регион во Р. Македонија.Од особено значење за нас, како Општина беше можноста да се споделат и разменат искуства, посебно со региони каде е развиен селскиот туризам.
Воедно Општина Крива Паланка и Општина Нагоричане, како претставници од Р. Македонија, ја промовираа и пренесоа манифестацијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ во Р. Србија. Претставници од нашите општини со претставници од општина Крагуевац засадија дрвја. На активноста и беше дадена голема медиумска презентација.