На 29 и 30 ноември и 1 декември, во малата сала на Општина Крива Паланка, од 12:00 до 16:00 часот, граѓаните ќе имаат можност да пласираат идеи, предлози, мерки и проекти до Општина Крива Паланка.
Своите предлози граѓаните ќе можат да ги поднесат, во салата на општина Крива Паланка, писмено и усно.
Со проектот Денови на идеи” на граѓаните за прв пат им се дава можност со своите корисни предлози и идеи активно да учествуваат во креирањето на политиките на локално ниво и на тој начин директно да придонесат во подобрувањето на состојбите во сите сфери од општественото живеење.