Општина Крива Паланка денеска го означи официјалниот почеток на проектот „Грижа за стари лица“. На самиот почеток, Градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски и координаторот на проектот Елена Христовска им посакаа успешна работа на ангажираните лица. Покрај официјалниот почеток на проектот се одржа и воведна обука за ангажираните лица од страна на стручни лица, доктор од Брза помош и медицинска сестра која работи во лабароторија за дијабет од Медицинскиот центар. Воведна обука за пристапот кон старите лица одржаа и претставник од општинската администрација и претставник од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи.
Во текот на неделата е предвидена уште една обука од страна на Општинската организација на Црвениот крст за ангажираните лица и веднаш потоа лицата ќе излезат на терен за посета и давање на социјални услуги на крајните корисници.
Проектот „Грижа за стари лица“ е во рамки на Програмата Општинско-корисна работа, а е подржан од Организацијата за развој на Обединетите нации- УНДП, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Министерствотот за труд и социјална политика.
Проектот е финансиран од страна на Организацијата за развој на Обединетите нации- УНДП, а Општина Крива Паланка е носител на проектот и учествува со сопствени средства за да може проектот целосно да се реализира.
Проектот оваа година ќе се реализира по вторпат на територија на Општина Крива Паланка и ќе бидат вклучени 15 лица, а ќе бидат опфатени 130 корисници односно тоа се стари и изнемоштени лица во 9 (девет) рурални населби Жидилово, Узем, Костур, Станци, Конопница, Мождивњак, Тлминци и Длабочица. Списокот на корисниците не е затворен може да се надополнува ако некој сака да биде опфатен со услугите.
Проектот започнува од 1 октомвири 2017, а ќе трае до 31 март 2018 година
Ангажираните лица ќе даваат социјални услуги во домашни услови по 20 часа неделно од типот мерење на крвен притисок, мерење на шеќер во крвта, физиотерапевтска масажа за заинтересираните корисници, психолошка подршка, услуги од прехрамбената струка и многу други услуги кои се предвидени во рамки на проектот.
[embpicasa id=”6472286063587025889″]
https://www.youtube.com/watch?v=4kB4NY-ZnII&feature=youtu.be