Предлог ИКТ стратегија на Општина Крива Паланка

Почитувани граѓани,

Наша цел е да Ви обезбедиме што поквалитетни и навремени услуги. Постојаниот развој на компјутерската техника значително ни помага во оставрувањето на таа цел. Примената на информатичката и на комуникациската технологија во работата на општинската администарција може многу да придонесе општината да стане отворена, поефикасна, поажурна, како пред граѓаните, така и во рамките на самата администрација.

За таа цел го изработивме овој документ кој претставува ИКТ стратегија на Општина Крива Паланка за периодот од 2010 до 2015 година. Во него е даден преглед на тековната состојба во Општина Крива Паланка и целите кои се планирани да се постигнат во определениот временски период. Исто така, составен дел на овој документ е Акцискиот план со конкретни проекти чијашто реализација ќе придонесе за исполнување на зададените стратешки цели.

Отворени сме за Вашите предлози, сугестии или забелешки, Ве молиме да ги испратите како текстуален документ на следната email адреса: [email protected] Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете со назнака: За ИКТ стратегијата.

Јавната расправа за Предлог ИКТ стратегијата на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 10 декември (петок) со почеток во 13 часот во малата сала на Општина Крива Паланка. 

Предлог ИКТ стратегија на Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст