Ана Стојановска на средба со градоначалникот Мицевски

Денеска градоначалникот Борјанчо Мицевски ја прими младата Ана Стојановска, од Крива Паланка, која е пингпонгарка на Пингпонгарскиот клуб Крива Паланка. Таа од 2 до 5 ноември во Сплит, ќе учествува на квалификациите за  Олимписките игри за млади кои во 2018 година ќе се одржат во Буенос Аирес во Аргентина.

На квалификациите секоја земја има право на по еден свој претставник, а  пријавени се 32 млади пингпонгари од кои првите четворица од квалификациите ќе се изборат да играат на Олимписките игри. Пријавени се најдобрите млади пингпонгари од цела Европа.

За што подобро претставување на нашата земја Ана Стојановска од 19 до 24 октомври беше на припреми во Зрењанин (Србија), со најдобрите европски тренери од Војводина.

На средбата градоначалникот Мицевски им врачи плакети за постигнатите резултати на Ана и тренерот Виорел Уце.

 

Големина на фонт
Контраст