Градоначалникот Мицевски оствари средба со командирот на ПС Крива Паланка

Градоначалникот Мицевски во рамките на своите активности за унапредување на безбедноста оствари средба со Дејан Маринков, командир  на полициската станица во Крива Паланка.

На средбата беше разговарано за тековната состојба во општината, проблемите и предизвиците во зачувување на јавниот ред и мир,  а главен  акцент беше ставен на превенцијата и сузбивањето на криминалот. Беа разменети мислења околу организација на полицијата, овластувањата, правата и обврските на полициските службеници. 

Како заклучок од средбата беше истакнато дека успешната соработка на локалните и полициските власти претставува клуч за превенција, сузбивање и намалување на криминалот и истата и во иднина ќе продолжи.

 

 

Големина на фонт
Контраст