Во духот на унапредување на конструктивната соработка, денес градоначалникот Мицевски го одржа првиот работен состанок со раководителите општинската администрација. На состанокот беше разгледана тековната состојба, како и насоките за дефинирање на приоритетите во понатамошните активности.
Администрацијата на Општина Крива Паланка е организирана во осум одделенија и тоа Одделение за правни и општи работи, Одделение за финансиски прашања, Одделение за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија, Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина, Одделение за изградба и одржување на комунална инфраструктура, Одделение за инспекциски надзор, Одделение за човечки ресурси и Одделение за внатрешна ревизија.