Во саботата (27.11.2010) екипата на кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ го одигра натпреварот од 4 коло – 3 лига мажи , за првпат како екипа – домаќин во спортската сала во Куманово, угостувајќи го тимот на „Профи-баскет“ од Скопје.
Нашите кошаркари го отворија натпреварот со резултат 11-2, што само ја навести понатамошната одлична игра и пожртвуваност на паркетот, па уште на полувремето кошаркарите отидоа на пауза со солидна предност од 20 поени. Во второто полувреме таа предност постојано растеше, се редеше кош за кош, за да на крај тимот ја прослави својата прва победа во лигата во која дебитираше, забележувајќи убедлива победа од 95-55. Првиот натпревар на домашен терен-во нашиот град очекуваме да се одигра за 2 недели, по напорните обиди за опремување на спортската сала Илинден според ФИБА стандардите.
Во очекување на следното коло, натпреварот со екипата на „Бест“ од Гевгелија, им честитаме на кошаркарите и ги бодриме да продолжат во ист ритам.