Прекуграничен регионален форум „Природен потенцијал и одржлив туризам на Осогово“

Во манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски  се одржа прекуграничен регионален форум насловен „Природен потенцијал и одржлив туризам на Осогово“. Настанот е во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД), а е дел од проектот „Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговските Планини“ кој се имплементира од 2016 година, а Македонско еколошко друштво го спроведува заедно со партнерската организација Биолошка фондација за биоразнообразие (BBF) од Бугарија во координација со германската фондација Еуронатур, а е финансиран од Германската федерална фондација за животна средина (DBU), Франкфуртското зоолошко друштво (FZS), како и со учество на партнер-здруженијата.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој рече:

-Со задоволство одговорив на поканата денеска да бидам гостин на овој прекуграничен регионален форум од областа на развојот на оддржливиот туризам во Осоговието, како и зголемување на атрактивноста на Кривопаланечкиот крај.

-Во оваа прилика, исто така сакам да ги поздравам сите вакви иницијативи и конкретни проекти од страна на граѓанските организации и здруженија, а воедно и да ги повикам на заедничка соработка со локалната самоуправа, која секогаш ќе пружа максимална поддршка, се со цел подобрување и збогатување на туристичката понуда, оддржливото користење на приридните ресурси и популаризација на Кривопланечкиот крај со сите негови приридни убавини и културно-историски вредности.

Деспина Китанова, проект-координатор од МЕД истакна дека тука се собрани  луѓето кои што не само работат и се вклучени во оваа дејност, туку  се и клучни чинители кои се засегнати директно од туризмот во овој регион. Целта е да се  разменат  мислењата за студијата за туризам на Осогово која е изготврна, и да се  дефинираат  можностите и потенцијалите на планината, таргетирајќи повеќе насоки за развој на туризмот, со акцент на велосипедскиот туризам кој беше дефиниран  со можност да се развие како посебна понуда. Затоа, во соработка со велосипедските друштва од регионот се одредени три патеки на Осоговските Планини кои понатаму ќе може да се користат за развој на ваков тип на туризам.

  -Нашата идеја е всушност да ги промовираме природните вредности на Осоговските планини кои се исклучителни во овој дел од Источна Македонија, сето она што го има Осогово како ретки и ендемични видови, како и видово разнообразие кое е регистрирано во текот на нашите истражувања, самиот предел во овој крај е специфичен и привлечен за туристите и сакаме да го ставиме во функција на промоција и развој на туризмот, додаде Китанова.

Таа исто така нагласи дека во предвидената  туристичка понуда,  покрај велосипедските патеки  би се вброиле и манастирскиот туризам, со најубавие манастири на Балканот и пошироко, во Европа, Св.Јоаким Осоговски кај Крива Паланка и Лесновскито манастир, кај Пробиштип.

Проектот ја поддржува работата на МЕД во регионот на Осогово и има за цел да поддржи имплементација на добри практики за регионално одржлив развој, во соработка со локалните заедници, како и да помогне во зачувувањето на ексклузивното биолошко разнообразие на Осогово.

Големина на фонт
Контраст