Проектот на Општината Крива Паланка „Грижа за стари лица“ произлезен од Програмата за Општинско корисна работа која е подржана од УНДП -Програма за развој при ОН, МТСП и АВРМ и Општина Крива Паланка започна и успешно се спроведува на терен во месец oктомври
Општинскиот тим за Општинско-корисна работа составен од петнаесет ангажирани невработени лица успешно ги спроведуваат активностите на терен континуирано посетувајки ги старите, осамени и изнемоштени лица во руралните населби: Дурачка Река, Станци, Костур, Узем, Станци, Жедилово, Конопница, Мождивњак, Тлминци и Длабочица притоа пружајки им на лицата отворена и несебична подршка во доменот на своите можности и знаења.
Ангажирани лица одат во девет рурални населби и посетуваат 162 крајни корисници.
Мобилни тимови составени од две или три ангажирани лица еднаш до два пати неделно посетуваат 162 крајни корисници од оваа Програма во наведените селски населби при што во домашни услови овозможуваат дружење и комуникација со лицата, даваат морална и советодавна помош, спроведуваат превентивно здравствени активности од видот мерење на притисок, мерење на шеќер во крвта, мерење на температура, контрола на начинот на земање на лекови пропишани од матичен лекар, контрола на рокот на лековите, остваруваат и им овозможуваат комуникација со свои блиски, комуникација со институции, закажуваат термини за посети како и помагаат во обавувањето на разни домашни потреби од видот: набавка на намирници, плаќање на сметки, грижа за затоплувањето и облекувањето, приготвување на топли напитоци и слично.
Еден од тимовите имаше и случка со корисник кој заради неговата влошена здраствена состојба беше однесен на доктор и сместен во здраствениот дом.
Иновација која оваа година ја воведовме во оваа програма е тоа што лицето Игор Ѓорѓиевски кое е со 100% слепило, а е физиотерапевт масер и беше активен барател на работа, го вклучивме во урбана средина кој опфати неколку семејства и дава соодветна масажа на луѓе кои имаат потреба од масажа. Лицето Игор Ѓорѓиевски на терен оди во придружба со својот згрижувач, волонтер, а со него еднаш во месецот оди и еден мобилен тим за да може на корисниците да им измерат телесна темпереатура, крвен притисок и шеќер во крвта.
Во спроведувањето на предвидените активности на програмата покрај подршката од градоначалникот на општината Борјанчо Мицевски и општинскиот координатор на проектот Елена Христовска особено голема логистичка подршка и советодавни услуги дава и партнер институцијата во проектот Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка.