Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес оствари прва официјална средба со претставници на двете пензионерски здруженија од општината.
На средбата, Мицевски ги повика пензионерите како лица со најголемо животно искуство, интелектуален капацитет и знаење, да дадат свои сугестии и предлози за подобрување на досегашната соработка, како и нивно поактивно вклучување и придонес во креирањето и конкретизирањето на понатамошни активности кои се од заеднички интерес.
Градоначалникот го изрази големо задоволство и благодарност за нивната посета, а воедно им ги пренесе и своите заложби и определби, секој граѓанин на Крива Паланка да даде свој придонес во подобрување на општата состојба во општината.