Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска за првпат беше во официјална посета на Општина Крива Паланка и оствари прв работен состанок со Градоначалникот Борјанчо Мицевски.
На состанокот стана збор за интензивирање на актуелните политики на Mинистерството за одбрана, за решавање на статусот на професионалните војници, како и за промоција на можностите и мерките за пријавување на млади лица од општината на конкурсите за отслужување на воен рок, кој воедно би претставувал и можност за нивен понатамошен професионален ангажман од страна на министеството.
– Имаме предизвици пред нас, имаме и простор за подобрување и ја поздравуваме вашата подготвеност за помош и поддршка. Ова е нова клима за продлабочување на соработката и начинот на кој заеднички превземаме чекори за пружање на поддршка во надминувањето и решавањето на проблемите и статусот на младите кривопланчани, припадници на професионалните војници и другите одбрамбени сили во служба на АРМ – изјави градоначалникот Мицевски.
Шеќеринска посочи дека, Министерството и таа лично се отворени за секаква поддршка во процесот на утврдување на потребите од оваа област и испарти јасна порака дека ваквиот вид на соработка е еден од нејзините врвени приоритети.
– Силно сме фокусирани на реформите кои треба да ни помогнат на патот кон надминување на проблемите кои досега ги засегаа сите припадници на одбрамбените сили на Министерството за обрана на Р. Македонија, порача министерката.
Радмила Шекеринска, Министер за одбрана на Република Македонија и Градоначалникот Борјанчо Мицевски на денешната средба покажаа дека постои силна политичка волја за конкретна соработка, реални позитивни и пријателски односи и цврст линк помеѓу политиките на централна и локалната власт.