Припадниците на АРМ од Крива Паланка, кои беa дел од мисијата „Феникс“, во рамките на Мисијата ИСАФ во Авганистан, беa примени од градоначалникот г-н Арсенчо Алексовски.Десет припадници на Полкот за специјални операции и Батаљонот на воената полиција, кои се од Крива Паланка, во изменатите девет месеци ги извршуваа задачите во југоисточниот и северниот дел на Авганистан, заедно со припадниците на Националната гарда на Вермонт од САД.
Со приемот и заедничкиот ручек, градоначалникот Алексовски им изрази честитки за успешно извршената комплексна мисија на кривопаланечките мировници.
Нивниот успех е гордост за Општината и е од големо значење за сите нас. Ние имаме многу припадници во АРМ и во МВР, кои учествуваат во мисиите во Ирак и Авганистан и кои постигнуваат значителни резултати, а нивните искуства за сите се драгоцени, истакна Алексовски.
Кривочаланечките мировници добија медали за успешно извршената задача од Американската армија. Оваа мисија е од посебно значење за нашата држава, затоа што за првпат е организирана заеднички со Американската армија, односно, сите операции и команди се изведувани во мешан состав, како една единица, а не како состав придодаден на некоја друга странска единица, што беше случај досега.