Градоначалникот Мицевски денеска на прва средба со ЗПЗП ,,Калин Камен 2015“

Претставниците на здружението за планинарење и заштита на планини „Калин Камен 2015“ денеска одржаа работна средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски. На состанокот планинарите го запознаа градоначалникот со нивните тековни проблеми за одржување и пристојно функционирање барајќи општината да им помогне во надминувањето и санирањето на истите.

– Барањата и проблемите кои ги имаат генерално скоро сите здруженија на локално ниво, па така и на планинарите, воедно е еден од приоритетите на мојот план за помош и унапредување на соработката со граѓанските организации на територијата на општина Крива Паланка, рече Мицевски.

Во таа насока моја идеја и определба за решавање на овие затекнати состојби е еден интегриран пристап, без никакви парцијални решенија, кои секако би довеле до неусогласеност,  дисбаланс и протекционистички тенденции во односите со сите здруженија од општината.

Во таа насока, градоначалникот ја изнесе својата идеја за оформување на еден дом за здруженија на граѓани, кој треба да биде центар во кој тие ќе ги имаат сите соодветни и пристојни услови за функционирање, технички опремен и адаптиран за реализирање на нивните потреби. Реализацијата на оваа идеја ќе биде придобивка, но и обврска за граѓанскиот сектор.

Големина на фонт
Контраст