Градоначалникот, Борјанчо Мицевски, денеска оствари средба со претставници на компанијата КВАЛИТЕТ-ПРОМ од Куманово.
На средбата стана збор за можности за ангажирање на работна сила од територијата на Општина Крива Паланка, за потребите на фирмата која се занимава со изработка на електрични модули за Мерцедес возила, КВАЛИТЕТ-ПРОМ од Куманово.
Мицевски се интересираше за условите за вработување во компанијата, за потребните квалификации и специјалности на кандидатите кои компанијата ги бара, за начинот на кој е планиран превозот на работниците и побара информација и за бројот на досега пријавени кандидати.
Градоначалникот нагласи дека општината располага со добри услови за отварање на погони –хали за произвотство.
– Имаме објекти кои со мали интервенции, адаптација или реновирање, бргу можат да бидат ставени во функција – реце Мицевски.
Представниците на компанијата изјавија дека нивна сегашна задача е регрутирање на луѓе кои можат да одговорат на нивните потреби, како и желбата за допринос во севкупниот развој во економските текови на населението и бизнис секторот во општината.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски, рече дека тој ќе направи се за надминување на долгогодишените проблеми во однос на невработеноста со кој се соочува општината. Во таа насока ќе помага, ќе инсистира и ќе изнаоѓа логистичка поддршка од сите страни вклучени во овој процес.