Претставниците на Извидничкиот одред „Наум Наумовски Борче“, во текот на вчерашниот ден 08.11.2017 год. имаа средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски. Делегацијата на одредот го запозна градоначалникот сo програмските определби на здружението и со планираните и тековните проекти.
На состанокот стана збор и за други тековни проблеми на одредот во однос на просториите кои тие ги користат, а се во сопственост на општината, како и за начинот на понатамошна соработка.
Градоначалникот Мицевски рече дека тој заедно со општиската администрација ќе работи во насока на унапредување и продлабочување на досегашната соработка со невладиниот сектор, подобрување на просторните услови за нивна работа, а се со цел зголемување на активизмот и проактивниот однос на здруженијата, кој треба да биде во насока на позитивни промени и придобивки на локалната заедница.
Градоначалникот ги поздрави нивните досегашни успеси како извиднички одред, нивните тековни активности, а особено задоволство изрази за планираниот проект за изградба на Извиднички музеј во нашата општина, единствен од тој тип во Р.Македонија.