Претседателот на Организацијата на резервни офицери на Р.Македонија, проф.д-р Ѓорѓи Малковски и претставници на Организацијата на резервни офицери на Крива Паланка денеска остварија средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски.
Оваа средба беше искористена за првично запознавање и информирање на градоначалникот Мицевски со Организацијата, со нејзините активности, програмски определби, како и со наредните планови и начин на функционирање.
Проф. д-р Ѓорѓи Малковски, направи и кратка презентација на нацрт верзијата на публикацијата насловена како „Бунтот на кривопланечкиот баталјон во 1991“, која всушност претставува синтеза на активностите на кривопаланечкиот моторизиран батаљон, голготата на војниците во составот на тогашната ЈНА, кои беа против учеството во граѓанската војна во поранешна Југославија и сведок на едно бурно време во кое се пишуваа првите букви од почетокот на осамостојувањето на денешна Македонија.
Градоначалникoт Мицевски рече дека секое време остава свој белег во историјата, а секоја генерација испишува свои историски редови на нашето постоење. Крива Планка секогаш имала и ќе има свои херои и благодарение на пожртвуваноста и храброста на припадниците на безбедносните сили, денес можеме да се гордееме на нивниот историски потфат.
-Чест е да се имаат за сограѓани резервистите кои тогаш ја испишале историјата на Македонија. Горди сме што токму кривопаланечките резервисти го започнаа испишувањето на славните страници од создавањето на АРМ, што храбро, одлучно и непоколебливо застанаа во одрбрана на територијаниот интегритет и суверенитет на земјата во најтешките и одлучувачки моменти за македонската независност и самобитност- рече Мицевски.
Градоначалникот со посебно задовлство ги прими и подароците од Организацијата на резервни офицери, фигура на Св.Кирил и Методиј и примерок од списанието „Офицер“.