Наталија Јовановска и Амајлија Бенд го освоија првото место на Меѓународниот фестивал „Утринна звезда“ што се оддржа по трети пат во Банско, Република Бугарија, од 18 до 20 ноември.
|
|
На фестивалот зедоа учество повеќе национални групи кои се натпреваруваа во различни категории: музички дел, танцов дел и театарски дел. Нашите учесници го освоија првото место во музичкиот дел на фестивалот.