По повод Денот на ослободување на Куманово-11 Ноември, градоначалникот Борјанчо Мицевски и претседателот на Совет Изабела Павловска положија цвеќе пред Спомен-костурницата на паднатите борци од Народноослободителната војна.
Бројни делегации, претставници на локалната самоуправа, боречката организација, политички партии, јавни установи и здруженија на граѓани се поклонија и положија цвеќе. Програмата продолжи со свечена седница на Советот на Општина Куманово.
Гостите можеа да погледаат и видео презентација со резултати од изминатата година, како и настапот на градскиот хор.
Фото галерија