Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, оствари средба со генералниот менаџер на фирмата „Булмак 2016“, која доби дозвола за експлоатација на олово и цинк во рудникот ,,Тораница’’. На средбата се разговараше за моменталната состојба на фирмата, нејзините идни планови и за тековните активности.
Градоначалникот Мицевски истакна дека рударството е еден од клучните сектори за економскиот развој на општината и во иднина, општината ќе даде максимална поддршка за сите идни развојни планови на компанијата, заради постигнување на ефект на поттикнување активности и во другите сектори.
Мицевски рече дека во наредниот период, општината ќе првземе проактивни мерки и ќе се воспостават стандарди во заштита на животната средина, а од компанијата очекува да се однесува општествено одговорно, се со цел подобрување на квалитетот на живеење на локалната заедница.