Градоначалникот Борјанчо Мицевски оствари работна средба со сопствениците на домашната градежна компанија „Голден Арт“. На средбата беа разгледани можностите за инвестиции за изградба на капацитети од различни сектори во Општина Крива Паланка.
Градоначалникот Мицевски покажа силна посветеност во насока на подобрување на квалитетот на животот и унапредувањето на животниот стандард, како и задоволување на голем број други потреби на граѓаните.
Команијата „Голден Арт“ е реноминарана градежна компанија со над 10 годишно работно искуство која во опфатот на своето работење се занимава и со изработка на проектна документација со сите фази, изведба на градежни објекти по систем на градење за сите типови на проекти, современа градежна механизација и опрема со сопствен тим за работа.
Како изведувач и инвеститор со искуство за висок квалитет за работење и сигурност, градежната компанија „Голден Арт“ има учествувано во изградбата на преку 40 објекти во земјава и во странство.