Денеска градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски присуствуваше на конститутивната седница на Советот за развој на Североисточен плански регион чии членови се градоначалниците на општините од регионот Куманово, Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане.
Како претседател на Советот е избран градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.