За неполн месец од преземањето на функцијата прв човек на општината, градоначалникот Борјанчо Мицевски почна со исполнување на предизборните ветувањата и реализација на Програмата со која го освои мнозонството гласови од граѓаните. Во таа насока градоначалникот Мицевски денеска беше во обиколка на тековните активности и нивната динамика, како и проверка на состојбата на теренот во населба Мечковци, каде што градежната оператива работи на асфалтирање на дел од локален пат кој води од Крива Паланка до с. Конопница-населено место Мечковци.
При посетата на населенето место Мечковци, градоначалникот Мицевски наиде на срдечен прием кај локалното население поради брзо превземање на мерки и активности за решавање на нивните долгогодишни проблеми.