Градоначалникот Мицевски оствари средба со словенечкиот амбасадор г.Милан Јазбец

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, вчера оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец. 

На средбата на која присуствуваше и управителот на УНИОР Македонија, Горан Ковачевски, беше разговарано за тековната состојба во општина Крива Паланка за предизвиците и можностите на локалната самоуправа во делот на екологијата и заштитата на животната средина.

Амбасадорот Јазбец ја прифати поканата да ја посети општина Крива Паланка во текот на месец јануари кога ќе се дефинираат начините на идна соработка како и можноста за имплементација на проекти од заеднички интерес.

Големина на фонт
Контраст