Донесен Правилник за јавност на работата на Општина Крива Паланка

Во рамките за воспоставување стандарди за јавност во работата на општината, како основа за транспарентно, квалитетно и организирано спроведување на надлежностите на општината, добивање повратно мислење од граѓаните и подигнување на нивото на одговорност и отчетност на локалната самоуправа пред граѓаните е донесен Правилник за јавност на работата на Општината Крива Паланка.

Со него се регулира протокот на информации во рамките на општината, информации од општината кон јавноста, како и правото и обврските на органите на општината и општинската администрација во остварувањето јавност во работењето.

Јавноста во работењето на единицата на локалната самоуправа е непречено, навремено и точно информирање на граѓаните, државните и јавните институции, медиумите, економските субјекти и НВО за непречен пристап до информациите од јавен карактер.

Со Правилникот се опфатени областите стручната координација на работата на Општината (колегиуми), потоа информирање на јавноста и јавност во работата на Советот на Општината на Крива Паланка.

Во завршниот дел на овој документ е опфатен и надзорот над јавноста на работата на единицата на локалната самоуправа со формирање посебно тело – Локален форум за јавност во работата, составено од претставници на здруженија на граѓани, економски субјекти, НВО и медиуми, како и претставници од општината, кое тело ќе го формира Советот на Општината.

 

Големина на фонт
Контраст