На 15.12.2017 година, градоначалникот Борјанчо Мицевски одржа работна средба со претставници од Здружението „Регионален центар за соработка СПЕКТАР“ – Крива Паланка и Здружението „Младински општински совет“-Ќустендил од Р.Бугарија, а по повод спроведениот настан како дел од проектот „СТЕПС – Поддршка на претприемништвото и популаризирање на услугите во туризмот“, кој се рализира во соработкапомеѓу двете здруженија.
Настанот се одржа на 15 и 16 декември 2017 година во Манастирот Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка и има за цел да им овозможи на младите претприемачи да разменат идеи и да создадат нови партнерства за реализација на заеднички иницијативи. Право на учество имаат претставници на бизнис секторот, асоцијации, НВО-а и институции и организации од областа на туризмот.
Проектот СТЕПС има основна цел зголемување на квалитетот на туристичките услуги во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија, преку зголемување на квалификациите и стимулирање на претприемништвото помеѓу младите. Водечки партнер во проектот е Здружението „Младинскио пштински совет“ од Ќустендил, Бугарија, кој што е во партнерство со Здружението „Регионален центар за соработка СПЕКТАР“ – Крива Паланка.
Градоначалникот Мицевски со големо задоволство ги поздрави ваквите иницијативи и конкретни проекти на граѓанските здруженија, а воедно ги повика на заедничка соработка со локалната самоуправа, која секогаш ќе пружа максимална поддршка, се со цел подобрување и збогатување на туристичката понуда и развојот на оддржливиот туризам во овој регион, како и зголемување на атрактивноста на кривопаланечкиот крај.