Комисијата за спроведување на избори за советите на месна самоуправа во руралните и урбаните зааедници на подрачјето на Општина Крива Паланка, а формирана од страна на Советот на Општина Крива Паланка, финишира со својата работа и зацртаниот план на избирање и формирање на месните самоуправи во руралните населби. За неполн месец оваа комисија успеа да организира и спроведе граѓански собири и избори за советите на месна самоуправа во 27 рурални населби во општината.
Од организираните граѓански собири и спроведените избори се констатира потребата од воспоставување и заживување на овој облик на месно самораководење кое има за цел да ги застапува и брани интересите на граѓаните кои живеат во овие рурални населби, потоа да организира и спроведува разни активности за подобрување на животот и руралнен развој на своите населени места, нормално во соработка со Локалната самоуправа на општината Крива Паланка.
Во текот на оваа недела предвидено е организирање на месни собири на граѓани за руралните населби Конопница, Мождивњак, Борово, Дрење, Осиче и Кошари.