Со цел зголемување на безбедноста на пешаците кои во изминатиов период интензивно ја користат рекреативно-пешачката патека покрај коритото на Крива Река, Општина Крива Паланка преку своите стручни служби иницираше изнаоѓање на решение за пешачкиот мост поставен на локацијата кај спортската сала. За таа цел предложена е изработка на заштитна ограда на страниците на мостот над речното корито. Оваа ограда се изработува од соодветни челични профили од фирмата „Мелтон“ од Крива Паланка, а под надзор на општинско стручно лице. Работите на изградба на оградата се во завршна фаза и истата наскоро ќе биде готова.