Изненадување за дечињата од село Огут и село Нерав

Невладината организација Pink Support Mk и општествено одговорната компанија за спортска облека Di Biaggio NY организираа изненадување за дечињата од подрачните основни училишта во село Огут и село Нерав со новогодишни пакетчиња и Дедо Мраз.  

Учениците од с.Нерав се дел од документарниот спортски филм „Остани различен“ на авторката Марија Дибиаџио која е е основач на компанијата и организацијата која  има за цел да инспирира преку спортски настани. Покрај изненадувањето со пакетчињата дечињата имаа можност да го погледнат и документарниот филм кој ја имаше премиерата во септември во кино „Фросина“ Скопје, а веќе на пролет е предвидена премиера низ Америка.

Настанот беше организиран со поддршка на Општина Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст