Почитувани граѓани на Крива Паланка, мои ценети сограѓани!
Времето на новогодишните празници е време кога се потсетуваме на моментите од годината што изминува, но и време во кое размислуваме за новите предизвици што доаѓаат, исполнети со надеж и верба во нови успеси.
А секој нов почеток е причина за јакнење на духот, откривање на нови хоризонти, наплив на големи очекувања.
Длабоко во себе верувам дека во новата 2018 година сите ќе не води една заедничка цел – да градиме заедница на меѓусебно почитување, разбирање и толеранција за напредок и благодет на сите граѓани на општината. Само сплотеноста, трпеливоста и мудроста во она што го вложуваме заеднички, ќе не обединува да истраеме и да веруваме во подобар живот за сите.
Затоа, од мое лично име и од името на општина Крива Паланка, во новата 2018 година Ви посакувам секоја минута да ви биде среќа, секој ден радост, секој миг исполнување на Вашиот сон.
Вашиот дом нека биде исполнет со топлина, мир и добра мисла, секоја Ваша работа со нов успех, а секоја можност со иднина.
Велат, луѓето никогаш не се поблиски отколку за празниците, кога си даруваат и примат со отворени срца. Затоа, со длабока почит и посветеност кон сите вас, примете ги моите најискрени желби и бидете храбри, успешни, исполнети со здравје, среќа и берикет.
НЕКА ВИ СЕ ЧЕСТИТИ НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ И СРЕЌНА НОВА 2018 ГОДИНА!