По повод новогодишните и божиќните празници градоначалникот Борјанчо Мицевски приреди прием за најблиските од семејствата на загинатите бранители припадници на АРМ и на полицијата.
Поздравувајќи ги присутните родители, сопруги, синови и ќерки на загинатите македонски бранители, градоначалникот ја искажа својата длабока почит и восхит за нивната волја, храброст и истрајност, и за начинот на кој се справуваат со загубата на нивните најблиски и им порача дека треба да бидат горди бидејќи се дел од семејставата на припадниците на АРМ и на полицијата.
Мицевски им ја честиташе Новата Година со желби за добро здравје, радост, среќа и успех на сите животни полиња во годината што доаѓа, нагласувајќи дека Општината секогаш е тука да им ја пружи неопходната помош и поддршка.