Градоначалникот Арсенчо Алексовски организираше прием за учесниците на манифестацијата „ПИВТИЈАДА 2011“ при што тој им се заблагодари за нивното учество и поддршката на манифестацијата со желба во годините што доаѓаат бројот на натпреварувачите да биде се поголем.
Инаку манифестацијата се оджа во чест на големиот христијански празник Богојавление – Водици. И покрај делот во кој сите присутни можеа да ги вкусат пивтиите подготвени од организаторот, манифестацијата имаше и натпреварувачки карактер. Прво место и 3000 денари освои Оливера Станковска, второ место и 2000 денари освои хотел „Турист“, трето место и 1000 денари освои Шана Георгиевска, вечера за двајца во етно гостилница „Воденица 3 “ освои Драгица Величковска, вечера за двајца во ресторана „Актуел“ освои Лазар Георгиевски, вредносен бон од 1000 денари од „Норма“ освои Благој Николовски.
Сите учесници добија благодарници за нивното успешно претставување на манифестацијата.