Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денес организираше новогодишен прием за членовите на бизнис заедницата, пратставниците на граѓанските здруженија и организации, претставници на државните и локалните институции, пензионерите, претставниците на медиумите и други видни членови на нашата заедница.
Во своето пригодно обраќање, градоначалникот Мицевски на сите присутни им посака мирна и среќна 2018 година, со желби за взаемно разбирање и успешна меѓусебна соработка во интерес на сите граѓани на на општина Крива Паланка.
– Во оваа прилика и во духот на нашите традиционални вредности, сакам од се срце да ви ја честитам Новата година и божиќните празници и да ви посакам здравје, среќа и успех на личен и професинален план и овие празнични денови да ги поминеме во мир, заедништво, толеранција и разбирање, порача градоначалникот.