Во посета на дежурните служби

Во пресрет на новогодишната ноќ градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и претседателот на Совет, Изабела Павловска, заедно со  претставници од општинската администрација ги посетија дежурните одделенија на институциите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните, Полициската станица, Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска служба.
Тие  се информираа за подготовките кои овие служби ги имаат направено за да помине се во најдобар ред на новогодишната ноќ и во текот на празничните денови, а воедно им ги честитаа празниците на вработените во дежурните служби  со пригодни подароци. 

Големина на фонт
Контраст