Во рамките на објавениот повик за искажување на интерес за аплицирање во Програмата Млади во акција – финансиран од ЕУ, Општина Крива Паланка аплицираше како партнер на Општина Млава, Република Полска со проектот „Следејќи ги ѕвездите од север до југ“, наменет за млади вљубеници во астрономијата и проучувањето на ѕвездите. Проектот предвидува дружење на млади луѓе од градови од шест држави (Турција, Србија, Полска, Италија Шпанија и Македонија). Општина Крива Паланка ќе партиципира само во делот на обезбедување на средства за транспорт на учесниците на настанот.