Свечен пречек на контигентот на АРМ од Авганистан

Градоначалникот Арсенчо Алексовски вчера во штипската касарна „Јане Сандански“ присуствуваше на  свечен пречек по повод враќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада кој изминатите 6 месеци учествуваше во мисијата ИСАФ во Авганистан.

На свеченоста присуствуваа  началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски,  заменикот на министерот за одбрана Емил Димитриев, заменикот на командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Киро Галазовски, командантот на Првата механизирана пешадиска бригада,  бригаден генерал Димче Петровски, роднините на припадниците од контингентот и други гости.

Во мисијата ИСАФ во периодот јули 2010 – јануари 2011 година, АРМ учествуваше со контингент од 149 припадници, меѓу кои и од Крива Паланка,  кои заедно со најстариот национален претставник и двајца штабни офицери, во Авганистан беа распоредени во составот на Британскиот контингент.

Контингентот на АРМ за време на мисијата беше ангажиран за извршување сложени задачи како што се целосно обезбедување на командата на ИСАФ во Кабул, обезбедување на објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан, борбено обезбедување на комуникации и области во зоната на одговорност и друго.

Од страна на командата на ИСАФ и надлежните високи команди на НАТО, ангажирањето на „Шкорпиите“ на АРМ, во повеќе наврати беше високо оценето, што се должи на високиот степен на обученост, но и на покажаната компатибилност и оперативна способност за време на извршувањето на мисијата

Големина на фонт
Контраст