Непрофитното партнерство „Руско-Балканската економска информациона агенција“ (РусБалканИнформ) за развој на информационата агенција го основа Меѓународниот трговски и информативен портал за претпријатија од Македонија, Русија и земјите од балканскиот регион, достапен на интернет адресата www.tradeportal.mk.
Главната цел на трговската платформа е создавање на директни деловни контакти помеѓу македонските претпријатија на интер-регионално ниво, како и меѓународни контакти со претпријатија во Русија и на Балканскиот регион. Исто така, врз основа на РусбалканИнформ се планира организирање и спроведување на деловни состаноци (бизнис форуми) со претставници на извршната власт и раководителите на компаниите.
Базата на податоци на претпријатијата од Русија, Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Србија, словенија, Хрватска и Турција е повеќе од 2 милиони бизниси кои работат во секторот на реалната економија.
Регистрација на претпријатија од регионот со објавување на видови на производи и услуги, ќе го олесни спроведувањето на заеднички економски и социјални проекти, ќе помогне подобро да се проценат можните соработки, потребните ресурси и услови.
Горенаведениот проект е дискутиран и поддржан на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија, што се одржа во Москва на 20-21 декември 2010 година. Меѓувладината комисија препорача за владините и невладините структури поширока употреба на можностите на порталот за воспоставување на директни деловни контакти во Македонија, Русија и земјите од Балканскиот регион, и за промовирање на дејноста на порталот, во рамките на својата надлежност.