Поаѓајќи од определбата на општесвена одговорност и потребата за соработка при субвенционирањето на превоз за редовни студенти, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и управителот на АДПТУТ „Пролетер“АД Крива Паланка, Стојанче Георгиевски, склучија меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се договорија облиците и начинот на соработка, како и заедничките активности и финансиските обврски за субвенционирање на превоз на 10 редовни студенти кои студираат на државните универзитети во Штип и Скопје, а се жители на oпштина Крива Паланка.
Целта на потпишувањето на овој Меморандум е преку взаемна соработка, разбирање и помош, да се изврши остварување, промоција и поддршка на субвенционираниот превоз за редовните студенти од општината.