Деновиве, беше одржан состанок на Иницијативниот (Управниот) одбор на Градскиот Музеј во Крива Паланка, во проширен состав. На состанокот присуствуваше градоначалникот на општина Крива Паланка, членовите на одборот како и лица од музеолошката дејност досегашни соработници на неколку проекти на музејот. На состанокот, беа разгледани досегашните активности околу конституирање на установата, како и активностите кои што требат да се превземат заради целосно институционализирање на музејот.
На состанокот, исто така беа формирани тимови од стручни лица за реализација на проектите Прва историска поставка и Прва староградска етно поставка / Заедничкиот живот на Македонската и Ромската популација во Крива Паланка, а беа утврдени и некои од приоритетните активности и проекти за тековната 2011 година.