По завршувањето на едногодишното истражување за транспарентност и отчетност на единиците на локалната самоуправа во Македонија направено е рангирање на сите општини според неколку критериуми за транспарентност, според кои во конкуренција со 84 ЕЛС, Општина Крива Паланка е рангирана на дванаесетото место, со освоени вкупно 18 од максимални 25 бодови.
Критериумите според кои е извршено рангирањето се
- Ажурност на веб страните на општинските администрации,
- Постоење на служба или лице за односи со јавноста во општината,
- Времетраење помеѓу доставувањето на прашалникот на Форум ЦСИД и добивање одговор од општинските служби на прашалникот за потребите на ова истражување
- Присуство на претставник на општинската администрација на обуките кои се спроведени во осумте плански региони во државата,
- Просечната оценка на анкетираните граѓани во рамките на теренското истражување во сите општини во државата.
Истражувањето е спроведено од Центарот за Институционален Развој – ЦИРА и поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка, застапувана од Канцеларијата за соработка во Скопје.