Документите од урбанизам меѓу најбараните

Граѓаните во изминатата година најмногу биле заинтересирани за информациите за стратегиските документи и акти на општината, како и за информациите од областа на урбанизмот. Според Законот за слободниот пристап до информации од јавен карактер, 75 граѓани поднеле барања од кои околу 23 проценти се однесувале на статусните, стратегиски и други документи и акти на општината, како и на акти донесени од Советот.

Околу 16 отсто, пак, биле од областа на урбанизмот, сообраќајот и заштитата на животната средина. Барани се информации и за комуналните работи, буџетот, финансиите, човечките ресурси, надлежностите и организационата поставеност на општината и друго.

Сите граѓани добиле одговори, не било одбиено ниту едно барање, ниту пак е поднесена жалба од страна на барателите.

Извор: Дневник

Големина на фонт
Контраст