Од идеја до бизнис

На 17 и 18.02.2011 во просториите на Општина Крива Паланка се оддржа првата работилница насловена како „Од идеја до бизнис во рамките на проектот „Поддршка на развојот на туризмот преку спроведување на обуки за старт-ап бизниси , имплементиран од страна на општината, а ко-финансиран од Министерството за економија на Р.Македонија. Обуките ги спроведува  консултантската куќа Балкан Девелопмент Солутионс.

Дваесетте учесници,  припадници на локалната заедница од општината, имаа можност низ дводневната работилница да се запознааат со тајните на креирањето на бизнис-план за започнување на сопствен бизнис, пренесени на извонреден начин од страна на м-р Игор Андреев, асистент на Економскиот факултет во Прилеп.

Низ работилниците беа диференцирани четири најинтересни бизнис  теми, како дефицитарни во општината и со голем потенцијал – бутик за венчаници и организација на свадби, продажба и монтажа на сончеви колектори, изработка и продажба на сувенири-кукли во народни носии и расадник за дрвца и хортикултура.

Преку разработка на овие теми, водени од страна на модераторите – Игор Андреев и Ѓорѓи Гошев, учесниците  ги разложија сите потребни поединости на изготвување на бизнис план.

Проектот ќе продолжи на 23 и 24 февруари со втората група на учесници.

     
     
Големина на фонт
Контраст