Градоначалникот на oпштината Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, почитувајки ја потребата и интересот на граѓаните за чиста и здрава животна средина, отпочна со активности преку службите на Јавното претпријатие Комуналец и Одделението за инспекциски надзор за расчистување на одредени простори и состојби во градот кои повеќе години го нарушуваа естетскиот изглед на самиот град како и на приградските населби. Активностите се однесуваат на неколку состојби на расчистување и средување и тоа:
- Чистење на диви депонии,
- Порамнување на неуредени површини,
- Отстранување на вегетација и гранки од јавни и сообраќајни површини,
- Отстранување на несоодветна вегетација од регулациони корита,
- Чистење на речни корита,
- Определување на соодветни локации за контејнери за отпад,
- Санација на сосбраќајната сигнализација,
- Отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила од јавни и сообраќајни површини.
Во делот на чистење на диви депонии во текот на изминатата и оваа недела исчистени се депонии на почетокот на населба Лозаново, кај трафостаница – Башиќево лозје, на почеток на населба Бегови Бавчи, дел од Цонев Рид, дел од Единство, просторот околу контејнерите на улица 8-ми Септември и други помали локации.
Во делот порамнување на неуредени површини извршено е порамнување на неуредената површина покрај магистралниот пат на крајот на регулацијата на Крива Река спроти Карпош, потоа порамнување на неуредената површина спроти ученичкиот дом Боро Менков на улица „8 ми Октомври“, просторот кај поранешен Пенди вир и други помали локации.
Отпочнато е и со порамнување на речното корито на Крива Река од крајот на регулацијата кај Бегови Бавчи кон Големиот мост каде паралелно и се вади и отстранува несоодветната вегетација
Спроведено е чистење на речните корита на Крива Река и Дурачка Река од комунален отпад.
Спроведено е отстранување на 11 хаварисани и нерегистрирани возила. Од страна на инспекциската служба издадени се наредби за отстранување на уште 7 возила, а во тек е постапка во МВР за изнаоѓање на сопственици на уште 30- тина хаварисани и нерегистрирани возила оставени на јавни и сообраќајни површини кои ги има евидентирано инспекциско редарската служба.
Извршено е сечење на стебла и гранки кои го попречуваа движењето на пешаците на главната улица на потег од дол Единство до Скрљавски дол, како и на дел од улица Македонска. Издадени се 17 опомени на физички лица за кастрење на дворна вегетација надвисната над јавни и сообраќајни површини од кои 13 се спроведени.
Извршена е корекција, санација и поправка на одредени сообраќајни знаци на главната улица. Од страна на службени лица од одделението за урбанизам, од одделението за инспекциски надзор, од ЈП Комуналец и од МВР –Полициска станица Крива Паланка започнато е со определување на места во градското подрачје за несоодветно поставените контејнери .
Активностите продолжуваат и во наредниот период до нивно целосно спроведување.
Согласно законската регулатива секој граѓанин, семејство, сопственик или корисник на деловен објект има обврска да ја почитува истата односно должност е на секое лице кое има вегетација испуштена надвор од дворната ограда да ја окрои истата, ако има оставено хаварисано или подолго време нерегистрирано возило на јавна и сообраќајна површина да го острани истото, како и да го фрла отпадот во садовите за отпад на определените места.