Започнува имплементацијата на проектот за замена на азбестните водоводни цевки

Во рамките на Програмата за изградба и реконструкција на локалната водоводна мрежа во општина Крива Паланка, а преку  проектот  на Владата на РМ и ЕИБ ,,Водоснабдување и одведување на отпадни води“, во тек е имплементација на еден од најзначајните проекти за општината „Реконструкција на дел од водоводна мрежа во град Крива Паланка“ (со замена  на азбестни водоводни цевки со полиетиленски водоводни цевки).

Веќе е спроведена јавна набавка за избор на економски оператор-Изведувач на градежните работи и доколку сите процедури околу потпишување на Договорот со Изведувачот се завршат во наредниот период, се  очекува со почетокот на градежната сезона да отпочнат и градежните работи на терен. Вредноста на овој проект според проектната документација беше околу 14.500.000 денари без ДДВ, но со јавната набавка постигната е нешто пониска цена.

Со техничката документација од проектот е предвидено да се изврши реконструкција на дел од водоводната мрежа со замена на постоечките азбест-цементни цевки во водоводната мрежа на Крива  Паланка на повеќе улици во централниот дел од градот со вкупна должина од 2844 м. и тоа на делови и краци од улиците Моша Пијаде, Партизанска, Херој Карпош, 8 Октомври, 11 Октомври и Борис Кидрич.

Предвиден период за имплементација на проектот е 12 месеци по потпишување на договор со Изведувачот.

 

 

Големина на фонт
Контраст