Почитувани сограѓани,
По повод претстојниот христијански празник ,,Св. Теодор Тирон“, Општина Крива Паланка, НЦУ за Култура во соработка со МПЦ-Крива Паланка, организираат манифестација „Поклонение на Св.Теодор Тирон“. Манифестацијата ќе се одржи на 13.03.2011 (недела) со почеток во 12 часот во дворот на црквата Св.Теодор Тирон во с.Конопница.
Поради поголем публицитет и успешност на манифестацијата, посебно ги охрабруваме сите нововенчани млади невести помеѓу ,, двете тодорици“ заедно со своите свекрви да го пријават своето учество на манифестацијата.
Пријавувањето може да го вршите се до четврток 10.03. 2011г.
Време на пријавување: 08.30 ч. до 16. 00 ч.
на тел. 031 372 130
лице за контакт: Лилјана Стојановска
Побарајте ги носиите од вашите баби и мајки за да ги пренесете и на вашите ќерки и внуки.
Оваа манифестација е во функција на промовирање и зачувување на културните и традиционалните вредности на опшината и пошироко.
Поклониени на Свети Теодор Тирон 2010
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски